Висок израелски функционер во изјава за агенцијата вели дека израелскиот кабинет се состанал вчера за да разговара за евентуално примирје во соседен Либан. Исто така, и двајца високи либански функционери изјавиле дека биле информирани оти се во тек напори за примирје, но немаат дополнителни детали за тоа колку долго ќе трае или кога ќе биде објавено

Оптимизмот дека војната на Блискиот Исток можеби е близу до крајот се зголеми, а пакистанскиот посредник во Техеран и администрацијата на претседателот Доналд Трамп изразија надеж за договор што ќе го отвори Ормускиот Теснец, пишува Ројтерс.
Висок израелски функционер во изјава за агенцијата вели дека израелскиот кабинет се состанал вчера за да разговара за евентуално примирје во соседен Либан. Исто така, и двајца високи либански функционери изјавиле дека биле информирани оти се во тек напори за примирје, но немаат дополнителни детали за тоа колку долго ќе трае или кога ќе биде објавено.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека разговорите меѓу лидерите на двете земји ќе се одржат денеска, но не даде детали за средбата.
Тој напиша на својата социјална мрежа Трут соушал дека разговорите ќе се одржат меѓу лидерите на двете земји.
„Се обидувам да добијам простор за дишење меѓу Израел и Либан. Помина долго време откако двајцата лидери разговараа, околу 34 години. Тоа ќе се случи денеска“,
напиша Трамп.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција вчера рече дека САД се чувствуваат добро во врска со изгледите за договор, нарекувајќи ги разговорите посредувани од Пакистан „продуктивни и тековни“.
Таа ги негираше извештаите дека САД официјално побарале продолжување на двонеделниот прекин на огнот договорен од двете страни на 8 април.
Ливит вели дека нови средби за преговори сè уште не се потврдени, но веројатно повторно ќе се одржат во Пакистан.
Пакистанската војска потврди дека началникот на пакистанската армија, фелдмаршалот Асим Мунир, кој посредуваше во првата рунда од преговорите меѓу САД и Иран, пристигнал во Техеран.
Висок ирански извор за Ројтерс изјавил дека Мунир ќе се обиде да ги намали разликите меѓу двете страни.
