На останатите гранични премини од македонска страна, додаваат од АМСМ, нема подолги задржувања при влез и излез од државата
Еден час е времето на чекање за излез од државата на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
На останатите гранични премини од македонска страна, додаваат од АМСМ, нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Камерите на Јавното претпријатие за државни патишта поставени на „Богородица“ покажуваат дека на овој премин има три колони возила кои чекаат за излез од државата.

На преминот „Табановце“ („Прешево“) камерите покажуваат дека има неколку колони, но оти не се долги и возилата постепено се движат.
Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Особено внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.
