На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти
Според последниот билтен на Министерството за здравство за ситуацијата со ковид-19 во земјава, моментно на респиратор е еден пациент, хоспитализиран во болницата „8 Септември“.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца, 3 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110 , позитивни и сомнителни на ковид-19.