На останатите гранични премини од македонска страна, пак, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ
На македонско-грчката граница, на граничниот премин „Богородица“, за влез во земјава, се чека околу 30 минути, информираат вечерва од АМСМ.
Оттаму додаваат оти на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози“,
велат од АМСМ.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“,
додаваат од АМСМ.