Во последните 24 часа на Косово починале 13 лица со ковид-19, а регистрирани се нови 171 случај. Според податоците на Националниот институт за јавно здравје во изминатото деноноќие направени се 463 тестови.
Од почетокот на епидемијата до сега тестирани се 41 615 лица од кои позитивни биле 10 590.
Со последните статистики се регистрирани и 190 оздравени пациенти, додека вкупниот број на оздравени е 6 248 случаи. Досега на Косово со ковид починаа 354 пациенти. Во моментов активни се 3 988 случаи.