Според полицијата, кај едниот уапсен се пронајдени 8 598 пиротехнички средства, а кај другиот 4 641 парче
На импровизирани тезги во скопското село Синѓелиќ на 31 декември се пронајдени 13 илјади парчиња пиротехнички средства, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што додаваат дека во акцијата се уапсени две лица.

„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ. А. (29) од селото Синѓелиќ и Л. А. (33) од Скопје, кај кои на импровизирани тезги се пронајдени над 13 илјади пиротехнички средства“,
се вели во соопштението на МВР.
Според полицијата, кај едниот уапсен се пронајдени 8 598 пиротехнички средства, а кај другиот 4 641 парче.