На „Табановце“ за излез се чека повеќе од еден час, додека за влез – триесетина минути

АМСМ соопшти дека поради зголемена фреквенција на возила, на дел од граничните премини има гужва. Оттаму во пладневниот пресек посочуваат дека на граничниот премин „Богородица“ за излез се чека и повеќе од еден час, додека за влез – еден час.
На „Табановце“ за излез се чека повеќе од еден час, додека за влез – триесетина минути. Се чека и на „Пелинце“.
- ГП Табановце за влез – повеќе од 1 час, за излез – 30 минути
- ГП Богородица за излез – повеќе од 1 час, за влез – 1 час
- ГП Пелинце за влез – околу 1 час, за излез – 30 минути
На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но и интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“.
