Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека утрово, на граничниот премин „Богородица“, за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути.
На „Табановце“, пак, се чека половина час за влез во државава.
На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“,
велат од АМСМ.