Министерството за здравство информира дека обезбедени и предадени се таблетарните лекарства за лицата со ретки болести за месеците април, мај и јуни.
За оние пациенти кои примаат ампуларна терапија велат е обезбеден сигурен и изолиран пристап до соодветните Клиники, како заштита од ковид 19.
„Направена е дистрибуција до сите јавно-здравствени устаноиви кои лекуваат пациенти со ретки болести. Во моментов нема недостаток од ниту еден лек, а пациентите имаат подигнато терапија за 2-3 месеци. За најголемиот дел од лековите во Клиниките има лекови до јуни 2020 година“,
стои во соопштението.
Заклучно со март 2020 година, во Регистарот велат се регистрирани 530 лица со ретка болест.