Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 573 пациенти позитивни или суспектни на коронвирусот, информира Министертсвото за здравство.
Во Битола се хоспитализирани 41 пациенти, во болницата во Штип 53, на инфективното одделение во Тетово има 31 пациенти, во Велес се лекуваат 30, а во Куманово 90 пациенти позитивни или суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70, Гостивар 37, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 52 пациент, во Кочани 15, Кичево – 10, во Кавадарци 29, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 5 позитивни или суспектни на коронавирусот.
Според информациите од Министерството, бројките се менуваат од час во час. Од таму велат дека вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 985 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид-центрите.
„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени“,
велат од МЗ.
