Од МВР најавуваат дека ваквите сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот на доследно почитување на правилата
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи (МВР), при вчерашната акциска контрола на територијата на целата држава, санкционирале 166 пешаци за сообраќајни прекршоци.
Засилената контрола се одвивала во периодот од 9 до 15 часот, а најголемиот дел од прекршоците – дури 137 – се однесуваат на небезбедно преминување улица надвор од обележан пешачки премин. Во истата акција, полициските службеници констатирале и санкционирале уште 167 други видови сообраќајни прекршоци.
Од МВР најавуваат дека ваквите сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот на доследно почитување на правилата.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на правилата ќе биде санкционирано. Сите заеднички мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“,
порачуваат од МВР.
