Во текот на изминатите 24 часа во целата држава, МВР регистрирала 43 лица кои не ја почитувале забраната, при што приведени се 27 лица, пет се опоменати, а на останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР.
Во текот на изминатото деноноќие на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 2 033 контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е констатирано дека еден од нив, во самоизолација, не бил во својот дом.
Во државен карантин се спроведени 204 лица.