Во текот на изминатото деноноќие полицијата изрекла 673 прекршочни казни за неносење лична заштита на лице, соопшти МВР.
Исто така, на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација. При контроли од страна на полициските службеници не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.