Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени и лишени од слобода се 180 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
(ВИДЕО) Приведени 15 лица во полициската акција во Скопје
Исто така, изречени се и 318 прекршочни казни поради неносење лична заштита на лице.
Во изминатите 24 часа на 511 лица им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација. При контрола кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани случаи на непочитување на мерките.