Полицијата вечева во ендочасовна полициска акција од 19 до 20 часот лишила од слобода 15 лица кои не почитувале забрана за движење.
Како што информира Министерството за внатрешни раобти акцијата се одвивала на подрачјето на полициската станица Бит Пазар и тоа на улиците: „Методија Митевски“, „Емин Дураку“, „Вуковарска“, „Панче Неделковски“, „Лазо Трповски“ и „Никола Карев“.
„Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со ковид-19. Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот“,
велат од МВР.