Во изминатите 24 часа на територијата на цела држава, полицијата опоменала девет лица кои не носеле заштитна опрема на устата и носот, како што се маска, шал или марама.
Носењето на заштитна опрема стана задолжително од четвртокот, а МВР до 1 мај само ќе опоменува. Потоа ќе казнува за што предвидените глоби се 20 евра за граѓаните и 2 000 евра за фирмите кои нема да обезбедат опрема за своите вработени.
Во статистиката на МВР за изминатото деноноќие, покрај деветмината опоменати за опрема, биле регистрирани и 29 лица кои го прекршиле полицискиот час, од кои 23 биле приведени.
„Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 84 лица им се издадени решенија за изолација, а ист број на лица – 84 потпишале изјави за самоизолација“,
соопштија од МВР.
Од оние кои веќе имаат решенија или потпишале изјави, полицајците во изминатото деноноќие не регистрирале дека некој ги прекршил мерките.
*Поврзани вести:
Викендов полицискиот час е олабавен, забраната за движење почнува денеска во 15 часот
Филипче: Маските треба да се носат поради асимптоматските лица