Во изминатото деноноќие на целата територија на државата прекршочно се казнети 1 068 граѓани поради неносење лична заштита на лице.
На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.
При извршените полициски контроли кај лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката.