Како што додаваат оттаму, доколку се процени дека има потреба, посебниот режим ќе се реализира и в сабота (30 мај) и в недела (31 мај)
Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени мерки за посебен сообраќаен режим на дел од улиците во главниот град заради непречено одвивање на сообраќајот.

„Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта ‘Бутел’ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата ‘Бутелска’, потоа лево по улицата ‘Александар Урдаревски’, лево по улицата ‘Боца Иванова’ и десно до влезот на гробишта ‘Бутел’. За излез, пак, од гробишта сообраќајот ќе се одвива десно по улицата ‘Боца Иванова’ до кружниот тек на улицата ‘Бутелска’, па лево по истата улица и десно по улицата ‘Кемал Сејфула’“, се наведува во соопштението од МВР.
Како што додаваат оттаму, посебен сообраќаен режим ќе се воведе и на гробиштата „Камник“, како и на гробиштата во Драчево и Ѓорче Петров, а доколку се процени дека има потреба, посебниот режим ќе се реализира и в сабота (30 мај) и в недела (31 мај).
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
