Министерството за внатрешни работи првично објави национална потерница за Сашо Мијалков, но попладнево е променета во меѓународна
Министерството за внатрешни работи ја промени во делот на потраги ја промени објавената потерница за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков од национална во меѓународна.
На Мијалков вчера му е определена мерка куќен притвор со 24-часовен надзор по негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, но сè уште се трага по него. „Исчезнувањето“ на Мијалков е во пресрет на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и уништување на опремата, за што му се заканува висока казна затвор.
Денеска, Министерството за внатрешни работи првично објави национална потерница за Сашо Мијалков, но попладнево е променета во меѓународна.
Поврзани вести*: