Министерството за внатрешни работи информира дека полицијата во Тетово вчеравечер ги уапсила А.Љ. (31) и С.Б. (33), по спроведените претреси во нивните домови.
Во двата случаи била пронајдена и одземена марихуана.
Од МВР најавуваат дека по документирање на случаите против уапсените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
„На 24.6.2023 во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Љ. (31) од Тетово. При претрес извршен врз основа на издадена судска наредба во неговиот дом во Тетово била пронајдена и одземена марихуана. Во 22:30 претрес со судска наредба бил извршен и во домот на С.Б. (33) од Тетово, при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана подготвени за продажба. Лицето не било во својот дом, но подоцна било лоцирано и повикано во полициска станица. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“,
соопшти МВР.
