Според полицијата, повредениот А.С. (31) им подлегна на повредите
Почина повредениот во престрелката што попладнево се случи во близина на полициската станица на Бит-пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Повредениот А.С. (31) им подлегна на повредите“,
соопштија од МВР.
Како што претходно информираа од полицијата, денеска околу 14 часот на улицата „Војдан Чернодрински“ на Бит-пазар се случило пукање од огнено оружје.
Констатирано е дека се работи за вооружена престрелка, а едно личе што било повредено итно било пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.
Според репортерот на „360 степени“, на местото на настанот имало зголемено полициско обезбедување и вештаци, како и превртен мотор.

Еден од куршумите завршил и во излог на еден од дуќаните во близина каде се случила престрелката.