Пиштолот ќе биде предаден за вештачење, а за случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување
Уште едно лице со пиштол од групата што вчера беше во близина на плоштадот Скендербег и ги напаѓаше демонстрантите кои протестираа против францускиот предлог е идентификувано и обезбедено од полицијата.
„Лицето идентификувано од полицијата со пиштол во раката во близина на Скендербег е обезбедено во полициска станица. Денеска (07.07.2022) полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје во полициска станица извршија службен разговор со С.Р.(34) од Скопје, кој беше идентификуван од страна на полицијата како лице кое за време на инцидентот во близина на споменикот Скендербег држел пиштол во раката, но не го употребил“,
соопшти МВР.
Пиштолот, додаваат оттаму, ќе биде предаден за вештачење, а за случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
Инаку, вчера во групата кој плоштадот Скендербег беше уште едно лице со пиштол, за кое Мицкоски обвини дека сакало да го обие него. Подоцна, пак, беше објавено дека станува збор за лицето Цуфи Кока, член на Алијанса на Албанците, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, и брат на Зуди Енузи, в.д. директор на јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ во Скопје. Град Скопје доцна синоќа соопшти дека поради инцидентот со неговиот брат, Енузи е разрешен од функцијата, а утрово Арбен Таравари од Алијанса најави дека ќе побарам од претседателството на партијата да ја прекине соработката со скопската градоначалничка Данела Арсовска.
*Поврзани вести:
- (ВИДЕО) Мицкоски обвини за полициска монтажа кај Скендер Бег: Целта беше убиство на некој недолжен граѓанин, мајка со дете, пензионер, млад човек или мое убиство
- МВР контра Мицкоски за инцидентот кај Скендер Бег: Полицијата беше на самото место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството
- ДУИ: Лицето што го нападна Мицкоски водеше кампања за ВМРО-ДПМНЕ
- Разрешен в.д. директорот на „Комунална хигиена“
- Таравари: Ако е разрешен директорот на „Комуналец“, завршува нашата приказна со Арсовска
- Арсовска: Со личност која напаѓа и оправдува насилство, нема основ да се соработува
- Ковачевски со осуда на вчерашните настани: Никаков револт не може да оправда употреба на огнено оружје од страна на цивили