Дојавата за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“ стигнала на електронската адреса на МВР. Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, соопшти МВР
Дојавата за бомби во трговските центри во Скопје е лажна, информира Министерството за внатрешни работи. По спроведените проверки на терен, полицијата утврдила дека не се поставени експлозивни направи.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби“,
велат од МВР.

Претходно, како што соопшти МВР, на електронската адреса стигнала порака со закана дека во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Посетителите и вработените беа евакуирани, а полициските службеници преземаа мерки и проверки на терен.
