Посетителите и вработените во „Ист гејт“ и „Дајмонд“ биле евакуирани, а полицијата спроведува проверки на терен
Министерството за внатрешни работи добило дојава за поставени бомби во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во центарот на Скопје. Посетителите и вработените биле евакуирани, а полицијата спроведува проверки на терен.
„Денеска (19.4.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри ‘Ист гејт’ и ‘Дајмонд’ во Скопје се поставени експлозивни направи“,
информира МВР.

Од МВР додаваат дека полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри.
