Како што објавија дел од медиумите, ова не е прв случај на труење кај деца во Кумановскиот регион
Минатата година се регистрирани случаи кога деца биле затруени отккао испиле средства за чистење, за дезунфекција, како и лекови во форма на таблети
Двегодишно дете од Куманово се затруло со средство за разредување боја, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во 14 часот од Општата болница во Куманово е пријавено дека е донесено двегодишно дете од Куманово што било затруено со средство за разредување на боја“,
се вели во полициското соопштение.
По укажаната помош во кумановската болница, детето е пренесено на понатамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Како што објавија дел од медиумите, ова не е прв случај на труење кај деца во Кумановскиот регион.
Минатата година се регистрирани случаи кога деца биле затруени отккао испиле средства за чистење, за дезунфекција, како и лекови во форма на таблети.
