Парите се пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин
Во описот за случајот се вели дека при влез во државата, царинските службеници го прашале патникот дали има нешто да пријави, при што тој пријавил дека носи 60 илјади евра, приложувајќи образец издаден при влез во Република Србија. Царинските службеници заедно со полициски службеник на ‘Фронтекс‘ извршиле детален претрес при што се пронајдени вкупно 124 250 евра
Спречен е обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64 250 евра на влез на граничниот премин „Табановце“, соопштија денеска од Царинската управа.

Парите, според Царина, се пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин.
„Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд“,
се вели во соопштението од Царина.

Во описот за случајот се вели дека при влез во државата, царинските службеници го прашале патникот дали има нешто да пријави, при што тој пријавил дека носи 60 илјади евра, приложувајќи образец издаден при влез во Република Србија.
„Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на ‘Фронтекс‘ извршија детален претрес при што се пронајдени вкупно 124 250 евра. Според Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени“,
посочија од Царина.
Годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што, како што велат од Царина, се запленети се вкупно 820 675 евра, 141 300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.
