Во објавата тој вели дека ова е клучен чекор кон воспоставување нова палестинска влада која ќе управува со Газа во соработка со Одборот за мир, додека Израел ќе добие, како што додава, безбедност каква што заслужува. Според него, Газа повеќе нема да се користи како база за терористички напади
Договорот ќе се спроведува во повеќе фази. По завршувањето на процесот на разоружување, израелските сили постепено ќе се повлечат од Газа, а меѓународни сили за стабилизација, заедно со новите палестински полициски сили, ќе ја преземат одговорноста за безбедноста
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е постигнат историски договор за целосно разоружување на Хамас и другите вооружени групи во Појасот Газа, оценувајќи дека тоа претставува клучен чекор кон траен мир и безбедност во регионот.
Оваа вест тој ја соопшти на неговата социјална мрежа Трут соушл додавајќи дека договорот е дел од мировниот план во 20 точки што е претставен минатата година.

„Денеска Одборот за мир постигна историски договор за целосно разоружување на Хамас и сите други вооружени групи во Газа. Ова е монументален чекор кон траен мир и безбедност“,
напиша денеска Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.
Според Си-ен-ен, Хамас до синоќа не го потврдил постигнувањето на таков договор, додека палестинското движење Исламски џихад ги оцени информациите како невистинити.
Во објавата Трамп вели дека договорот е клучен чекор кон воспоставување нова палестинска влада која ќе управува со Газа во соработка со Одборот за мир, додека Израел ќе добие, како што додава, безбедност каква што заслужува. Според него, Газа повеќе нема да се користи како база за терористички напади.
Договорот, како што вели, ќе се спроведува во повеќе фази. По завршувањето на процесот на разоружување, израелските сили постепено ќе се повлечат од Газа, а меѓународни сили за стабилизација, заедно со новите палестински полициски сили, ќе ја преземат одговорноста за безбедноста.
Оружјето, пак, ќе биде предадено на Одборот за мир, кој ќе го надгледува процесот.
Оцени дека договорот претставува значаен чекор во реализацијата на неговиот мировен план за Газа, посочувајќи дека пред една година регионот бил зафатен од војна, хуманитарна криза и заложничка драма.
Во својата објава тој им се заблагодари на посредниците од Египет, Катар и Турција, како и на својот тим, за неуморната работа што довела до постигнување на договорот.
„Заканата што се појави од Газа на 7 октомври нема да се обнови“,
порача Трамп додавајќи дека според договорот Газа конечно ќе биде управувана од нова палестинска влада која му служи на својот народ.
Трамп ја заврши објавата со оценката дека станува збор за неверојатен развој, за кој, како што наведе, сите велеле дека никогаш не може да се постигне.
Како што објави Си-ен-ен, имплементацијата на договорот ќе се одвива постепено и ќе биде условена со исполнување на секоја претходна фаза.
Деталните услови на договорот, според нивните најави, треба да бидат објавени во рок од две недели.
Американски претставници наведуваат дека Вашингтон во текот на преговорите тесно се координирал со Израел, иако израелската страна останува скептична дали Хамас навистина ќе го исполни договореното.
Претходно овој месец, Хамас објави дека ќе ја распушти својата влада во Газа, но не спомена можност за разоружување.
