Во текот на изминатото деноноќие на ниво на цела држава забраната за движење не ја почитувале 56 лица, при што приведени се 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
На 307 лица, пак, им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од оние што веќе се наоѓаат во изолација и самоизолација, во изминатото деноноќие полицијата не евидентирала лица што ги прекршиле овие мерки.