Тетовската полиција соопшти дека е приведено едно лице под сомнение дека ги запалил двете возила на ЕВН Македонија ноќеска во Тетово.
Од Тетовската полиција соопштија дека се работи за 43-годишен жител на Тетово. Тој бил приведен на улица „Ленин“ во близина на едно од двете места каде се случил пожар.
„Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од 00.40 до 01.10 часот на ул. ‘Иво Рибар Лола’ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило дачија дастер, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило нисан, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на ЕВН, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и друго приватно возило со тетовски регистарски ознаки“,
соопштија од СВР Тетово.

К.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пожарите на двете места ноќеска ги изгаснаа од екипите на Територијалната противпожарна единица Тетово.