Во интервју за БИРН, министерот за наворешни работи и надворешна трговија говори за неодамнешните парламентарни избори во Унгарија на кои победи Петер Маѓар од партијата Тиса наспроти досегашниот премиер Виктор Орбан кој важеше за близок до актуелната власт во земјава
Нашата држава има долгогодишен континуитет на добри билатерални односи а со Унгарија и во таа смисла, исто така, се согласувам дека засилен развој, билатералните односи добија со формирањето на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година, вели министерот за наворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Призма“.

Тој вели оти во овој контекст се имаат реализирано голем број позитивни проекти и во делот на политичката, економската и безбедносната соработка во последните години и напомена оти во последните денови оствариле комуникација со претставници на новата владејачка партија и оти неговите очекувања се дека една од константите на надворешната политика на Унгарија ќе остане, а тоа е нивната позиција кон земјите од Западен Балкан, вклучително и желбата да имаат добри и понатаму позитивно развиени билатерални односи со Македонија.
Целото интервју може да го прочитате тука.
