На крајот на 2022 и 2023 година биле изгубени 79 милиони евра за две години. А проценките се дека до крајот на 2024 година постои опасност за губење на 43 милиони евра од ИПА 2, рече Муртезани
Поразителен статус на искористеност на ИПА-средствата – од расположливи 302,4 милиони евра, до крајот на 2023 година се склучени 58 договори во вредност од 109,1 милион евра. Тоа е апсорпција, односно искористеност од само 34%, посочи министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Ова, според него, одразува поширок проблем со неефикасноста што резултира со губење на значајни средства.
„За илустрација, во рамки на овие проекти се и големите инфраструктурни зафати, како што е патната делница Дреново-Градско, железничката делница од Крива Паланка до границата со Бугарија Крива Паланка до Бугарија, пречистителните станици во Тетово и Битола, канализациската мрежа во Кичево и други. Сепак, стапката на апсорпција е недоволна со само 34 проценти од расположливите средства покриени со потпишани договори и 22 проценти од исплатените средства,“
кажа Муртезани.
На крајот на 2022 и 2023 година биле изгубени изгубени 79 милиони евра. А проценките се дека до крајот на 2024 година постои опасност за губење на 43 милиони евра од ИПА 2, рече Муртезани.

Според него, причина за слабата и неефикасна искористеност на средствата е недостатиг на кадар.
„За да се справиме со следните предизвици, ќе преземе стратешки мерки: јакнење на ИПА-капацитетот преку нови вработувања. Ургентна е потребата од комплетирање на ИПА-структурата преку приоретизирање на вработувањата во соодветни национални институции. Политика за задржување на кадарот – висока флуктуација на обучени ИПА-професионалци, често привлечени од приватниот сектор, создава загриженост. Нашата посветеност на подобрување на апсорпција на ИПА-средствата е исклучително значајна особено сега кога ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за земјата преку планот за раст за Западен Балкан и реформската агенда“,
рече Муртезани.

Муртезани најави дека ќе ги посети институциите за да се разгледа можноста од обуки и пренасочување на кадарот, но останува на заложбите дека неопходно е да се зајакнат вработувањата, не само во министерствата туку и во општините.
„Тука не станува збор за преоптоварување на јавната администрација со старата пракса на вработувања со политички кадри, туку професионални кадри кои ќе овозможат искористување на европските фондови“,
додаде Муртезани.
За најавата на министерот за транспорт Александар Николоски, дека ќе се бара пренамена на парите за пругата од ЕБОР и Европската инвестициска банка, Муртезани вели дека до него сè уште не е стигнато официјално барање.