Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „360 Степени“ зборуваше за тоа дали е можно набрзо да биде симната кризната состојба која беше прогласена во општините Дебар и Центар Жупа поради коронавирусот.
„Да. Во насока на тоа дека секојдневно ја следиме ситуацијата, согласно тоа како ќе се одвива и заздравувањето на заболените, односно дефинирањето дали се тие негативизирани, што е веќе постапка којашто почна. Првите брисеви на тие коишто се во добра здравствена состојба а беа на домашно лекување, се земени, се чекаат резултати. Согласно тоа и согласно новодијагностицираните случаи ќе се донесе соодветна одлука“,
рече Филипче.