Апелот на Министерството за надворешни работи доаѓа поради, како што велат оттаму, информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и регионот
Ако патувањата во Израел, Иран, Либан и палестинските територии не се неопходни, македонските државјани да ги избегнуваат, апелираат денеска од Министерството за надворешни работи (МНР).
Апелот од МНР доаѓа поради, како што велат оттаму, информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и регионот.
„Во оваа прилика, посочуваме на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл-адреса: telaviv@mfa.gov.mk ), како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи: +389 75 273 732/ +389 268 736 (мејл-адреса: globalsos@mfa.gov.mk)“,
се наведува во соопштението на МНР.
Војната помеѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас на почетокот на април влезе во шестиот месец.