Косовската полиција го обезбедува хотелот во кој се сместени нашите државјани, од каде што се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени дома, велат од МНР
Седум државјани на Северна Македонија, од кои едното е дете, се сместени во хотел во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде што е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили, информираат од Министерството за надворешни работи.
Од МНР велат дека Амбасадата на Северна Македонија во Приштина е во комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи на Косово, како и во директна комуникација со македонските граѓани.
„Во моментов косовската полиција го обезбедува хотелот во кој се сместени нашите државјани, од каде што се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени дома. Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани и косовската полиција сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер“,
се наведува во соопштението од МНР.
Информацијата, како што велат, ја добиле утринава преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи.