Министерството за надворешни работи објави препораки за државјаните на Северна Македонија поврзани со состојбите во Русија.
Од МНР велат дека одблиску го следат развојот на настаните и дека се во постојана комуникација со партнерите и сојузниците.
Оттаму соопштуваат дека сѐ уште е на сила препораката на министерството објавена на 28.02.2022 година.
„Сите граѓани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата. Воедно, сите државјани на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, може да ја контактираат Амбасадата во Москва на следните телефонски броеви:
+7 925 025-98-05 (мобилен) е-mail: [email protected].
Државјаните на Северна Македонија може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]“,
соопшти МНР.
Поврзани вести:
- (ВИДЕО) Руски хеликоптери нападнаа платеници на „Вагнер“
- Западните земји со реакции за ситуацијата во Русија: Внимателно ги следиме настаните
- (ВИДЕО) Војна на улиците на Воронеж: Одекнуваат експлозии, војниците на „Вагнер“ тврдат дека собориле руски воен авион
- Путин: Постапките на лидерот на „Вагнер“ се предавство и нож во грб, нашиот одговор ќе биде жесток
- Путин ќе ѝ се обрати на јавноста: Пригожин вели дека влегле во командата на руската армија во Ростов и дека ги контролираат воените локации
- Шефот на Вагнер вели дека Русија ги бомбардирала неговите платеници, Москва го обвини за вооружен бунт
