Поранешната техничка министерка за труд и социјала од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, вовидео обраќање ги повика граѓаните да дадат свои идеи и предлози за справување со кризата со коронавирусот и да ги испратат по електронска пошта на адреса на ВМРО-ДПМНЕ.
Критикувајќи го здравствениот систем, Мизрахи обвинува за недостаток на решенија за кризата и вели дека е време да се чуе гласот на народот.
„Вашиот глас мора да ги мине бариерите на безидејната власт додека не е предоцна. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која е отворена за вашиот глас. Вашите предлози и идеи за справување со кризата, пратете ни ги на нашата отворена електронска пошта заедно да дојдеме до решенија. Од акцијата ‘Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија’ ќе креираме политики поттикнати од вас. Само така, само заедно, ќе помогнеме да ја пребродиме кризата и здравствено, и економски, и безбедносно. Затоа што сите заедно, ја сакаме Македонија“,
порача Мизрахи.