ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста најави прес-конференција на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, која е закажана за 12 часот и 30 минути.
Ова ќе биде прво обраќање на Мицкоски по завршување на гласањето на парламентарните избори.
Вчеравечер тој не се појави пред партиското седиште, а пред присутните во два наврата се обрати секретарот на партијата, Игор Јанушев.
Јанушев на последната прес-конференција порача дека епилогот од изборите сѐ уште е неизвесен и дека ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за состав на новата влада.