Мицкоски пред една недела, заедно со тим од Владата и тим од неговиот кабинет, беше во посета на ОАЕ каде што, како што информираше тој, ги презентирале можностите за инвестирање во Македонија

Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за граѓаните на Македонија, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.
„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја! Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина. Нека е честито“,
напиша Мицкоски.

Мицкоски пред една недела, заедно со тим од Владата и тим од неговиот кабинет, беше во посета на ОАЕ каде што, како што информираше тој, ги презентирале можностите за инвестирање во Македонија.