„Како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори. Испратив порака до нашите луѓе во дијаспората дека тие се нераскинлив дел од Македонија“, порача премиерот по вчерашната средба со македонската дијаспора во Виена
Премиерот Христијан Мицкоски, кој од вчера е во официјална посета на Австрија, вчеравечер остварил средба со македонската дијаспора во Виена со која разговарале за предизвиците и за можностите што ги има Македонија.
За време на средбата, Мицкоски ги повикал нашинците да размислат да се вратат во Македонија, да инвестираат и активно да се вклучат во развојот на државата.

„Како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори. Испратив порака до нашите луѓе во дијаспората дека тие се нераскинлив дел од Македонија“,
пишува Мицкоски во објава на Фејсбук по средбата со македонската дијаспора во Виена.
Премиерот ги оцени ваквите средби за важни бидејќи, како што вели, градат заедништво и доверба.
„Вие сте додадената вредност на нашето општество. Убеден сум дека само заедно, со поддршка од дијаспората и со силни меѓународни партнерства, можеме да ја движиме државата напред“,
порача Мицкоски.
