Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, иницијативата за свикување на Собранието е со цел власта „да ги озакони незаконските уредби кои не се поврзани со вонредната состојба“
Еднаш распуштено Собрание, согласно Уставот, не смее да заседава, посебно не со потписи од 35 пратеници кои решиле дека ќе се вратат и ќе носат одлуки, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во интерву за ТВ24.
Според него, новата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба била неуставна и смета дека затоа тој ги повикал партиите да го свикаат Собранието и да ги верификуваат одлуките.
„Пендаровски како што ги собираше лидерите на средба околу договарањето на изборите, можеше помеѓу првата и втората одлука за вонредната состојба да ги повика лидерите и да се најде решение кое ќе беше правно издржано“,
изјави Мицевски.
Според него, власта сака да го свика Собранието, за како што рече, да се озаконат незаконски постапки и уредби кои Владата ги донела во период на вонредна состојба.
„Со уредбите се носеа решенија кои не се поврзани со вонредната состојба. Од типот на закони за минерални суровини, уредбата за акцизата, за исплатата на заостанати плати на вработени на СЈО итн“,
изјави Мицевски.
Поврзани вести:
Груби: Дебатата за свикување на Собранието е непотребен законски лавиринт
Мицкоски во „360 степени“: Апелирам до Пендаровски да свика нова лидерска средба
Барањето за итна собраниска седница стигна во Собранието, на потег е Џафери