Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска изјави дека Уставот е јасен и Собранието не може да заседава, додека владејачкиот СДСМ достави барање до претседателот на Собранието за свикување на седница, потпишана од 35 пратеници.
„Уставот е јасен, Собранието е распуштено. Откако Собранието ќе се распушти, се организираат избори и во моментов тие избори се стопирани поради огромната криза со која и здравствено и економски се соочува Македонија и тоа Собрание не може повторно да заседава затоа што е распуштено. Многу е јасно, не треба човек да е голем експерт за да го сфати тоа“,
рече Николоски.
Тој ги обвини Зоран Заев и СДСМ за нечовечко однесување и рече ако одлучат да го кршат Уставот, тогаш партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ ќе заседаваат и ќе одлучат што ќе прават.
*Поврзана вест: Барањето за итна собраниска седница стигна во Собранието, на потег е Џафери