Според него, по потпишувањето ќе следуваат разговори на техничко ниво веќе следната недела
Иако деталите од потенцијалниот договор сè уште не се официјално објавени, според информации на Си-ен-ен, рамката би можела да предвиди повторно отворање на Ормускиот Теснец и укинување на американската блокада врз иранските пристаништа
Мировен договор меѓу САД и Иран би можел да биде финализиран во следните 24 часа, сигнализираат денеска посредниците вклучени во разговорите за прекин на конфликтот, пренесува Си-ен-ен.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој има посредничка улога во преговорите за завршување на војната, во објава на Икс оцени дека страните никогаш не биле поблиску до постигнување договор.
„Поблиску сме до мировен договор од кога било досега, со финализирање кое веројатно се очекува во следните 24 часа“,
напиша Шариф, додавајќи дека доколку договорот биде финализиран, тој веднаш ќе биде електронски потпишан.
We are closer to a peace deal than ever before. With finalisation likely expected in the next 24 hours, Pakistan is preparing for the electronic signing of the peace deal immediately after, followed by technical level talks next week.
— Shehbaz Sharif (@CMShehbaz) June 13, 2026
We would like to thank United States of…
Според него, по потпишувањето ќе следуваат разговори на техничко ниво веќе следната недела.
„Сакаме да им се заблагодариме на Соединетите Американски Држави и на Исламската Република Иран за нивната континуирана посветеност за време на преговорите. Уверени сме дека овој историски мировен договор ќе формира силна основа за траен мир“,
вели пакистанскиот премиер.
Извор запознаен со преговорите, за Си-ен-ен изјави дека електронското потпишување на договорот се очекува до крајот на утрешниот ден, а можно е тоа да се случи и порано.
Според истиот извор, постои заедничка желба процесот да биде завршен што е можно побрзо за да се избегнат евентуални пречки.
Иако деталите од потенцијалниот договор сè уште не се официјално објавени, според информации на Си-ен-ен, рамката би можела да предвиди повторно отворање на Ормускиот Теснец и укинување на американската блокада врз иранските пристаништа.
Договорот би вклучувал и олеснување на дел од економските санкции и притисоци врз Иран, како и демонтирање на иранската нуклеарна програма.
Сепак, техничките аспекти поврзани со отстранувањето на залихите на високо збогатен ураниум од Иран сè уште не се целосно разработени, пишува Си-ен-ен, повикувајќи се на висок претставник на американската администрација.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Вашингтон и Техеран се на чекор до потпишување мировен договор, додавајќи дека поради ваквата околност ги откажува планираните нови ракетни напади врз Иран.
