Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ утрово беше кај шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска да ги предаде аудиоматеријалите и транскриптот што ги добил од укажувач, а во кои се слуша гласот на доскорешниот премиер Зоран Заев. Тој пред медиумите беше воздржан од обвинувања за вмешаност на лидерот на СДСМ во аферата „Рекет“.
рече Милошоски потенцирајќи дека не сака да прејудицира ништо зашто било најдобро Заев сам да се изјасни.
„Ѝ ги предадов материјалите и транскриптот на обвинителката Вилма Русковска. Направивме уреден записник и според она што ми беше објаснето е дека ќе ги вклучи овие материјали во предметот за ‘Меѓународниот сојуз’ бидејќи и самиот адуиоматеријал и транскрип даваат сомнеж дека Заев подолго време знаел за нелегалното финансирање на ‘Меѓународниот сојуз’ и помагал во финансирањето на 1ТВ. Според моето мислење како правник, би било најдобро ако Обвинителството одлучи да го повика да даде изјава по однос на самиот материјал“,
Станува збор за една снимка што тој ја пушти на седница на собраниската Комисија за европски прашања и за една што сакаше да ја пушти на пленарна седница, но собранискиот спикер Талат Џафери не му дозволи.
Милошоски е еден од поранешните функционери осомничени од СЈО, против него се води истрагата „Моќник“, која како и останатите предмети сега се надлежност на редовните обвинителства. Меѓутоа, денешната посета во Обвинителството тој не ја искористил за да праша до каде е тој предмет.
рече Милошоски.
„Немам никаква причина да се интересирам“,
Тој одговараше и на прашања за претстојните избори посочувајќи дека не знае дали ќе биде кандидат за пратеник или носител на листа, но дека стои на располагање.