Во изјава за 24 вести, пред Обвинителството, Мијалков рече дека вчера имал многу висока температура и им се извини на јавноста и на институциите затоа што создал непријатности
По два дена потрага, попладнево се случи пресврт во случајот со наводното бегство на ексдиректорот на УБК. Сашо Мијалков попладнево сосема сам се појави во Обвинителството за гонење организиран криминал во Скопје.
Во изјава за 24 вести, пред Обвинителството, Мијалков рече дека вчера имал многу висока температура и им се извини на јавноста и на институциите затоа што создал непријатности.
Тврдеше дека воопшто не го напуштил Скопје, ама дека не знаел дека е распишана потерница по него, затоа што имал 40 степени температура.
Рече дека дошол само да го земе решението за домашен притвор.
Само два часа претходно, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на специјална прес-конференција во врска со овој скандал, изјави дека верува оти Мијалков е сѐ уште во земјава.
По Мијалков вчера беше распишана и меѓународна потерница, откако од неделата вечерта беше недостапен за органите на прогонот, кои не можеа да му го врачат решението за домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“, кој е пред пресуда.
(Веста се надополнува)