Покрај финансиската помош од САД за справувањето и борбата со ковид-19, помош за Северна Македонија даваат и американски компании, изјави за Гласот на Америка, специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Метју Палмер.
„’Кока Кола’, ‘Мајкрософт’, ‘ИБМ’, но и многу други американски компании кои имаат бизнис на Балканот излегуваат со нивен придонес,
вели Палмер.
Тој додаде дека Американската трговска комора работи да го координира одговорот и да обезбеди различни извори на асистенција.
„Убеден сум дека САД ќе продолжат да обезбедуваат финансиска помош и асистенција за нашите пријатели, партнери и сојузници, со цел заедно да го поминеме ова и да излеземе посилни“,
изјави Палмер.