На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
На граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се чека по околу еден час, соопшти АМСМ.
Времето на чекање поради метежот е исто како и утрово, но тогаш поголеми колони во кои се чекаше 60-тина минути имаше и на преминот „Богородица“.
Сега, според информациите од Автомото сојузот, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, пак, како што посочуваат, е зголемен.
Од АМСМ повторно препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.