Додека не се појави вакцина, правилата остануваат во сила, како што е поздравување без ракување, изјави германската канцеларка
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека најновите бројки за заразени со коронавирусот даваат надеж, но првенствено поради претстојниот Велигден предупреди дека тоа што е постигнато може брзо да се уништи.
„Кривата е малку израмнета. На почетокот на кризат,а бев многу загрижен и прашав дали треба мерките уште да се заострат. Затоа денеска сум посебно радосна од актуелниот развој. Сепак, не смееме да мислиме дека сме на безбедно,
објасни Меркел и додаде дека не е потребно дополнително затегнување на мерките.
Таа вели дека сите треба останат фокусирани на ситуацијата затоа што е кревка.
„Не смееме да бидеме лековерни и да се сметаме за безбедни. Јас тоа го знам лично. Имате мала надеж, тогаш станувате убедени, потоа внатрешно порелаксирани и веќе сте малку невнимателни“,
рече таа.
Таа им се заблагодари на граѓаните што се придржуваат кон рестриктивните мерки и ги повика да продолжат така.
„Трендот е таков што го продолживме времето на удвојување на инфекцијата. Но, кога размислуваме како да се дојде до следната фаза, не знаеме како олабавување на мерките би се одразило на ситуацијата“,
рече Меркел.
Канцеларката објави дека следната недела ќе има важни консултации за олабавување на мерките. Но, додека не се појави вакцина, правилата остануваат во сила, како што е поздравување без ракување.
Епидемијата, според Меркел, нема да исчезне додека нема вакцина.
*поврзани вести: СЗО: Речиси 690 илјади лица во Европа се заразени со коронавирус, да се размисли пред да се ублажат мерките