Набљудувачите велат дека Мерц, кој се смета за претставник на традиционалното, конзервативно крило на партијата, сакал да ги подобри традиционално лошите односи со Ангела Меркел и либералното крило на партијата
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја одбила понудата да биде почесен претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и одби покана за вечерата на најверојатниот иден претседател на ЦДУ, Фридрих Мерц, објавија германските медиуми.
Мерц треба да биде избран за претседател на партијата на утрешната партиска конвенција на ЦДУ.
„Поранешната канцеларка смета дека титулата почесен претседател на партијата веќе не е во духот на времето“,
изјави во интервју за РТЛ Армин Лашет, се уште претседател на ЦДУ.
Последниот почесен претседател на ЦДУ Хелмут Кол поднесе оставка од оваа функција по скандалот со партиските донации.
Истовремено, неделникот „Шпигел“ пишува дека Ангела Меркел ја одбила поканата за вечерата на Фридрих Мерц, кој треба да биде избран за нов партиски лидер на утрешната партиска конвенција во Берлин.
Според весникот, по утрешните избори за претседател на партијата, кои се сметаат за безбедни откако базата му даде предност на внатрешните избори во декември, Мерц ги повикал на вечера поранешните претседатели на ЦДУ.
Набљудувачите велат дека Мерц, кој се смета за претставник на традиционалното, конзервативно крило на партијата, сакал да ги подобри традиционално лошите односи со Ангела Меркел и либералното крило на партијата.
Поканата за вечера ја одби и Анегрет Крамп-Каренбауер, која го презеде раководството на ЦДУ од Ангела Меркел во 2018 година.
И Меркел и Каренбауер го оправдаа одбивањето на поканата со „совпаѓање со други настани“.
Поранешниот претседател на партијата Волфганг Шојбле и се уште актуелниот претседател Армин Лашет ја прифатија поканата за вечера.