Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека е лута и истовремено тажна за насилствата што вчера се случија во Вашингтон при упадот на демонстрантите во Конгресот.
„Сите вчера го видовме вознемирувачкиот упад во американскиот Конгрес и тие слики ме разлутија и растажија. Жалам што претседателот Трамп не го призна поразот во ноември минатата година ниту тоа го направи вчера“,
истакна Меркел на состанок со германските конзервативци.
Според Меркел, отворањето сомнежи за изборните резултати ги поттикнало насилствата. Таа изрази жалење за изгубените животи во инцидентите, но знак на надеж е, како што рече, можноста Конгресот да продолжи со работа во текот на ноќта.
Потврдата на победата на Бајден, според германската канцеларка, значи дека за помалку од две недели САД ќе отворат ново поглавје во американската демократија.