Барањата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за датумот за одржувањето на изборите е разлика од неколку денови, вели потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, во емисијата „Патот кон“ на Алсат.
„Евроинтеграциите и здравјето на граѓаните се поважни, додека втората тема, околу датумот, не е голем проблем затоа што разликата е неколку дена или една недела. Дали треба да се одржат на 5 јули или на 12 јули, тоа е прашање на денови и мислам дека има капацитет со дијалог да се изнајде заедничко решение и да има слободни и демократски избори“,
смета Меџити.
Според него, за ДУИ се поважни евроинтеграциските процеси, а многу помал е проблемот околу определувањето на датумот кога ќе се одржат изборите.